Уште на средината на тековната сезона шампионот на Унгарија, Ѓер го комплетираше тренерскиот тим кој ќе ја води екипата во наредната сезона.
Габор Дани останува на тренерската позиција, а ќе му помагаат две добро познати ракометарки. Анита Гербиц во улога на помошник тренер ќе го замени Здравко Зовко, додека од претходно е познато дека Амандин Лејно ќе биде тренер на голманите.
Двете ракометарки ќе бидат и тренери и играчи и во секој момент ќе можат да влезат на терен доколку има потреба од тоа.
Освен во тренерскиот тим доста промени Ѓер ќе направи во игрчкиот кадар. Катарина Булатовиќ најави крај на кариерата по завршување на сезоната, а екипата уште ќе ја напушти и Јана Кнедликова.
Исто така и на голманската позиција се прават големи промени, Ева Киш и Кари Гримзбо ќе бидат заменети Лора Глозе и Силје Солберг.