Се активираше и Металург – нови договори за Дупјачанец и Лазаревски

Голманот на Металург, Даниел Дупјачанец, и кружниот напаѓач, Милан Лазаревски, ги продолжија договорите со тимот од Автокоманда.

Двајцата потпишаа нови едногодишни договори со Металург и им се приклучија на Мартин Серафимов, Иракли Кбилашвили, Маријан Мариќ, Лука Вујовиќ, Дарко Кондев, Стефан Додиќ, Даниел Ѓорѓески и Михајло Младеновиќ, кои имаат валидни договори со Металург за следната сезона.

„Милан Лазаревски и Даниел Дупјачанец ги продолжија своите договори и им се придружија на играчите кои имаат валидни договори. Во наредните денови ќе им бидат понудени нови договори и на некои од преостанатите ракометари чии договори истекуваат. На првиот тим ќе му се приклучат и најдобрите поединци од помладите категории, а во тек се и преговори со нови играчи, кои ќе ја засилат екипата за сезонате 2020/21“, вели претседателката на Металург, Зорица Блажевска.

Клубот досега го напушти само Марио Танкоски, кој кариерата ќе ја продолжи во Еурофарм Пелистер. Договорите им истекоа на Томислав Јагуриновски, Велко Маркоски, Дејан Пецаковски, Реваз Чантурија, Милан Поповиќ, Мице Шилегов и Филип Арсеновски.