Во првото полуфинале во регионалната СЕХА лига ќе се сретнат хрватските екипи Нексе и Загреб.
Тренерот на „плинарите“ и поранешен македонски селектор, Ивица Обрван, вели дека не посакувал меч со Нексе во овој период од годината.
„Одлична е организација на овој Ф4, убава е салата и доаѓа во термин што е добар за сите четири екипи и доаѓа пред завршните подготовки за новата сезона. Ќе им послужи на сите екипи, а се игра и за трофеј. Игравме со Војводина во четвртфиналето, во незгоден термин. Тоа беше тежок натпревар, целта беше да победиме и да се пласираме на Ф4. Со одредени потешкотии тоа го остваривме. Претпоставувам дека ја и моите играчи, како и оние од Нексе, можеби посакуваат да играме против друг ривал, бидејќи ракометната јавност обично играат на крајот на сезоната. Се уште се подготовки, но ќе биде натпревар со многу набој. Ни едни, ни други не се во идеална состојба. Ќе настојуваме со сите оружја да влеземе во финале, па ќе видиме на крај како ќе заврши. Загреб има два трофеи, има неколку финалиња. Изгубивме на пенали во финалето, бевме задоволни од ланскиот настап, ако и сега биде така, како тренер би бил многу задоволен“, вели Обрван.
Дефанзивецот Јаков Гојун вели дека тимот е подготвен за полуфиналето.
„Јас како капитен на овој тим, можам да кажам дека сме подготвени за овој меч. Тоа ќе биде убав тест за нас пред стартот на оваа сезона да видиме во каква состојба сме пред стартот на ЛШ. Трениравме добро, имавме мали проблеми, но тоа сега не е важно. Успеавме да победиме против Војводина. Задоволни и среќни што сме овде. Не би сакал да кажувам кој е фаворит, бидејќи кога си на Ф4, дури и да си најлош тим на хартија можеш да ја освоиш титулата“, вели Гојун.
Првото полуфинале меѓу на Ф4 во Задар се игра од 18:00 часот.