ППД Загреб имаше шанса по девет години повторно да биде на врвот на СЕХА лигата, и го делеа нешто повеќе од една минута од тој триумф. Во последните моменти од средбата Веспрем направи пресврт и победи со 32-30, иако на полувреме Унгарците губеа со 13-19.
Финалето беше реприза на ланското кога исто така играа Веспрем и ППД загреб и победи унгарскиот тим.
Тренерот Ивица Обрван и покрај тоа не изгледаше незадоволен од играта.
„Им честитам на моите играчи за добра утамица иако пораз не е секогаш за честитаме. Одигравме слично како и лани, имавме високо водство во прво полувреме, и ни недостасуваше сила и идеи. Тоа не тешко против Веспрем. Кога решаваа нијанси многу промашивме. Задоволен сум со енергијата, она со што мојот тим одигра иако ни недостасуваа неколку играчи кои сигурно немаше да дозволат да биде вака. Некои ни недостасуваат, некои не се со нас, а некои се уште не почнале да играат. Овој меч ќе ни биде добар патоказ за десет дена кога почнува ЛШ да бидеме најдобри. Голема желба ми е да стартуваме со победа во лигата на шампионите, вели Ивица Обрван, тренерот на ППД Загреб.
Тројца играчи на ППД Загреб се најдоа во идеалниот тим на Ф4 турнирот, а најдобар дефанзивец е Јаков Гојун.