Тимот на Еурофарм Пелистер за првпат ќе игра на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига.
Голманот Урбан Лесјак вели дека ако не размислуваат за победа немало ни да дојдат во Задар.
„Првите импресии се одлични. Веднаш почувствуваме што значи ракометна атмосфера во градот. Луѓето се луди за ракомет, го сакаат и што е најважно, го разбираат ракометот. Ако не размислувавме дека можеме да победиме, немаше ни да доаѓаме во Задар. Натпреварот почнува од 0-0, ќе се бориме, ќе дадеме се од себе и мора и овде да се покажеме во најдобро можно светло“, вели Лејсак.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Веспрем се игра утре во СЦ „Вишњик“ со почеток во 20:30 часот.