ППД Загреб водеше, а Веспрем за една минута направи пресврт, поведе и на крајот победи со 32-30 во финалето на 11. Ф4 турнир на СЕХА лигата. Унгарците се мачеа во првото полувреме, губеа и со шест гола. Ја најдоа формулата како да го свртат резултатот.
За Веспрем ова е трет триумф во низа, и петти по ред со што се израмнија со Вардар како најуспешни тимови во регионалното натпреварување.
„Загреб ни направи да биде многу тежок мечот за нас. Многу зборови беа кажани на полувреме од Момо и од играчите. Го најдовме тимскиот дух што ни недостасуваше во првото полувреме. Се боревме до крај. Незнам дали е заслужено, но го свртевме резултатот и победивме, вели Расмус Лауге, играчот на Веспрем по триумфот во Задар.
Данскиот играч беше избран и на МВП на турнирот.
Тренерот Момир Илиќ вели дека ова е деветта победа за нив во предсезоната, што ги прави посилни за она што следи понатаму.
„Им честитам на моите играчи за одличното второ полувреме. За еден месец имаме девет меча и девет победи. Тоа не прави силни како тим. Го респектирам Загреб, знаевме дека ќе биде тешко со тактика да не успорат. Промашивме многу шанси. Но во вториот полувреме бевме многу подобри и испишавме историја за тимот, вели Илиќ.
СЕХА Ф4 2022: Веспрем првпат поведе во 59 минута и победи за петти трофеј!