Хрватското дерби во СЕХА повторно го добија „плинарите“ од Загреб кои ќе играат во финалето во недела и ќе се борат за нивната втора титула во регионалното натпреварување. Повеќекратниот хрватски првак со победата над Нексе од 26-32 (11-16) го отвори полуфиналниот ден на завршницата од СЕХА Гаспром лигата.
Победникот го пресуди искуството на дел од ракометарите на Загреб и неколку добри интервенции на голманот Славиќ. За жал двете хрватски екипи го одиграа првиот полуфинален натпревар пред малубројната задарска публика.
Хрватските прваци предводени од првата опција на централен бек Един Клис, засилени за искуство на Дибиров и талентот на Додиќ ја затвораат 11. СЕХА сезона со нов финален дуел.
На самиот почеток Загреб со головите на Клис и Кларица премина во водство од 2-0, но кога загрепската екипа го фати посакуваното темпо, Гојун заработи исклучување кое им овозможи на ракометарите на Нексе да го израмнат резултатот на 2-2 по 5. минути игра. Резултатската нишалка се задржа до средина на првиот дел, кога двата погодока на Муса ја најавија низата голови на Загреб. На спортивната страна меѓу стативите блескаше голманот на Загреб Славиќ и токму тоа беше причина, хрватскиот првак да се оддалечи пет голови разлика или резултат 6-11. По исклучувањето на Северец во 25. минута, „плинарите“ имаа и највисоки „плус шест“, разлика која се задржа до самиот крај на полувремето. Ракиќ на неполна минута до паузата ги постави конечните 11-16.