Еурофарм Пелистер вечерва ќе го има своето деби на завршните турнири во регионалната СЕХА лига.
Иако битолскиот тим е дебитант, сепак во своите редови има ракометари кои веќе настапувале на завршен турнир, и не само што настапувале, туку и освоиле трофеј.
Станува збор за левото крило Гоце Ојлески и Милорад Кукоски, кои ја освоија титулата со Вардар на Ф4 во Загреб од сезоната 2011/12.
Уште еден од ракометарите на битолскиот тим, Марко Кизиќ, беше со Вардар на Ф4, кога „црвено-црните“ освојуваа трофеи, но не беше ниту еднаш во ростерот.
Еурофарм Пелистер вечерва ќе бие полуфинална битка со составот на Веспрем, во натпреварот што ќе стартува од 20:30 часот.