Веспрем ја одбрани титулата во СЕХА лигата откако во финалето во Задар со 32-30 (19-13) го победи Загреб. За Унгарците ова е трет триумф по ред и петти вкупно со што ги ирамнија двата рекорди на Вардар. Со целосен пресврт во второто полувреме и со прво водство во 59 минута Унгарците триумфираа на Ф4 турнирот.
Веспрем беше фаворит пред мечот, но така изгледаше само на хартија. ППД Загреб од самиот почеток имаше водство, и на изненадување на многумина по 15 минути предност на хрватскиот тим беше 9-6. Никој не очекуваше така добра игра од Загреб и пред се ефикасна. Унгарците немаа решение на нападот на противникот, а ниту за нивната одбрана.
Пред самиот крај на првото полувреме ППД Загреб првпат го имаше највисокото водство од „плус 6“ за водство 19-13. На самиот почеток на второто полувреме уште еднаш загребчани повторно дојдоа до највисоката предност, 20-14.
Но, полека предноста на Загреб се топеше, а Веспрем резултатски се приближуваше. Во 48 минута резултатот беше израмнет, 25-25 како најава за драматична завршница. Во последните десет минути од натпреварот „домашните ракометари“ влегоа со предност од два гола, и водство 28-26. Веспрем израмни, но потоа продолжи да се игра „гол за гол“.
Последните три минути од мечот беа решавачки за победникот. Тимовите влегоа без предност, 30-30, и со два напади неискористени. Откако Муса од шест метри не реализираше на спротивната страна Расмус Лауге постигна гол за прво водство за Веспрем од 31-30. Хрватите повторно не реализираа преку Срна, на спротивната страна Лауге со два гола по ред го постави конечниот резултат.
Иван Чупиќ со 8 гола од што пет од пенал беше најефикасен во тимот на ППД Загреб, а шест гол апостигна Звонимир Срна. Тимур Дибиров и Лука Кларица имаа по четири гола.
Во тимот на победникот Јахија Омар даде седум гола, а Расмус Лауге и Мануел Штрлек дадаоа по пет гола.
Досегашни победници во СЕХА лигата
2012 – Вардар
2013 – Загреб
2014 – Вардар
2015 – Веспрем
2016 – Веспрем
2017 – Вардар
2018 – Вардар
2019 – Вардар
2020 – Веспрем
2021 – Веспрем
2022 – Веспрем