Новата сезона во регионалната СЕХА лига ќе стартува на 30 септември со првиот натпревар од дивизија „Исток“.
Во оваа дивизија играат по четири клуба од Русија и Белорусија, а први на терен ќе бидат Чеховски Медведи и СКА Минск на 30 септември.
На 1 октомври ќе играат Гомел и Пермски Медведи, на 2 октомври Мешков Брест ќе ја пречека Машека, додека на 3 октомври во Санкт Петербург, Нева ќе игра со ЦСКА Москва.
СЕХА лига, 2022/23, дивизија „Исток“:
група А: Чеховски Медведи, СКА Минск, Гомел, Пермски Медведи
група Б: Мешков Брест, ЦСКА Москва, Нева, Машека
Допрва треба да бидат потврдени учесниците и стартот на наптреварите во дивизијата „Запад“, каде што ќе играат Вардар и Еурофарм Пелистер.