Новото издание на регионалната СЕХА лига ќе започне на 10 октомври. По успешно завршента претходна сезона со завршниот турнир во Задар, раководството на СЕХА е подготвено за новиот старт.
За разлика од лани, оваа сезона ќе играат само десет екипи, а ги нема руската ЦСКА Москва и кинескиот тим со седиште во Загреб – Пекинг Универзитет. Десет екипи ќе бида поделени во две групи, а два тима од иста држава како и лани се во различни групи.
Покрај тимовите од Балканот, тука се словачкиот Татран, белорускиот Мешков и украинскиот Мотор, а поделбата по групи е направена географски за да се избегнат долгите патувања, кои ќе бидат само по едно – до Брест и Запорожје.
Петкратниот СЕХА првак Вардар ќе биде во групата А заедно со Татран Прешов, Војводина, Мотор Запорожје и Нексе Нашице.
Битолски Еурофарм Пелистер ќе биде дел од групата Б заедно со тимовите на Веспрем, Загреб, Мешков Брест и Металопластика.