Медиа тимот на регионалната СЕХА лига го избра идеалниот тим за изминатата 2022 година.
Меѓу најдобрите се најдоа тројца ракометари што настапуваат за нашите две најдобри екипи – Вардар и Еурофарм Пелистер.
Најдобар лев бек е Филип Талески, најдобар кружен напаѓач е Столе Стоилов, а најдобро десно крило е Мирко Радовиќ од Еурофарм Пелистер.
За најдобар тренер е избран Бранко Тамше од Нексе Нашице, а во идеалниот тим се најде и екс вардарецот Тимур Дибиров.
Новата сезона во регионалната СЕХА лига, дивизија „Југ“ каде што играат двете македонски екипи ќе стартува на почетокот на февруари.