Михајло Михајловски досегашниот претседател на СЕХА лигата останува нејзин почесен претседател, а претседателот на Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев е нов член на УО на лигата
По девет години на чело на регионалната СЕХА Газпром лига, Михајло Михајловски се повлекува од претседателската функција. Тој во иднина ќе биде нејзин почесен претседател, а на негово место е избран Србинот Божидар Ѓурковиќ. Тој е избран за нејзин нов претседател во следните четири години.
Нов четиригодишен мандат доби и Марјан Начевски како комесар на лигата, а Зоран Стерјев, претседателот на Еурофарм Пелистер е нов член на УО на СЕХА лигата.
На состанокот на раководството на лигата за потпретседатели беа избрани Борис Сапожњиков, Томислав Граховац и Золтан Сик. Синиша Остојиќ и во следните четири години ќе биде директор, функција што и досега ја извршуваше.
Во Задар се одржува Ф4 турнирот во СЕХА лигата на кој игра и битолскаи Еурофарм Пелистер и тие ќе се борат за бронзениот медал. Во тој меч ќе играат против Нексе. Во финалето се среќаваат Веспрем и ППД Загреб.