Дисциплинската комисија на регионалната СЕХА лига ја одреди казната за рускиот репрезентативец од Вардар, Глеб Калараш.
Кружниот напаѓач доби црвен картон на средбата против Војводина во Нови Сад во 51. минута и ќе треба да плати парична казна од 100 евра.
Ова е трета казна за македонскиот, регионален и европски шампион од СЕХА оваа сезона, откако најпрво беа казнети поради дрес без име, а потоа и поради употреба на шишиња што не се од спонзорот на лигата.