Дисциплинската комисија на регионалната СЕХА лига го казни актуелниот првак на ова натпреварување Вардар, за настап на играч во дрес без презиме, уште во првото коло кога беше одигран дуелот со Пекинг Универзитет.
„Црвено-црниот“ доби уште една казна, повторно по натпреварот со кинескиот ривал, што беше одигран во Загреб.
СЕХА го казни Вардар со 100 евра, поради тоа што играчите користеле шишиња за пијалок, односно вода, што не се од производителот со кој што регионалното натпреварување има договор.
Казна од 100 евра, доби и рускиот тим Спартак Москва, поради тоа што на натпреварот со Веспрем, не донеле свое знаме.