Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ја запишаа првата победа во суперлигашкиот плеј-оф. Избраниците на Александар Јовиќ славеа над Струга со убедливи 31-17.
Домашните поведоа со 7-0 и најавија каков тек ќе има овој натпревар. Стружани до крајот на првиот дел не успеа да ги консолидираат своите редови и на пауза заминаа со шест гола негатива, 14-8.
Во второто полувреме сликата на теренот не се смени. Гостите намалија на 14-9, но тоа беше се од нив, а битолчани се одлепија на плус осум, 17-9 и немаше дилеми околу победникот до самиот крај.
Струга играше со краток ростер, без ниту еден од ракометарите што не се од овој град, а домаќините желни за сефте во плеј-оф, не простуваа ниту една грешка.