Светската ракометна федерација ги делегираше судиите за натпреварот од второто коло на Мундијалот во Египет.
На дуелот меѓу Македонија и домаќинот, правдата ќе ја делат Французинките Шарлот и Жули Бонавентура.
Делегат на оваа средба ќе биде Австриецот Рајзингер.
Македонија во првото коло загуби убедливо од Шведска со 32-20, а натпреварот со Египет се игра вечерва во „Каиро Стадион“ со почеток во 18:00 часот.