Женскиот ракометен клуб Требјеша од Никшиќ, член на Првата лига на Црна Гора, е по многу работи специфичен, а посебно е препознатлив по „сестринството“.
Сигурно за во Гинисовата книга на рекорди е фактот што во клубот играат 27 сестри – Гезовиќ, Марјановиќ, Стањевиќ, Бојаниќ, трите сестри Кокотовиќ, Булајиќ, Лалатовиќ, Јаредиќ, Миќковиќ, Савиќ, Ќоровиќ, Делија и Пејовиќ.
Клубот брои вкупно 90 членови, а од скоро време формираше група за девојчиња родени 2010 година. Во црногорскиот клуб веруваат дека успесите на националниот тим ќе го зголемат бројот на заинтересирани.
Клубот има своја официјална маскота „Мечката Требјешка“ по што и ракометарките го имаат прекарот „мечиња“.
Главна цел на еден од најмладите тимови во лигата е да го зачува елитниот статус. Со помладите генерации клубот се натпреварува во пионерските лиги при што фокусот е ставен на создавање нови играчи.