Поранешниот руски репрезентативец и член на Вардар, Сергеј Горбок, не е повеќе тренер на Виктор Ставропол.
Горбок минатото лето го презема рускиот тим со кој оствари солидни резултати во текот на оваа сезона.
Виктор Ставропол играше во Суперкупот на Русија, каде што загуби од Чеховски Медведи, а стигна и до четвртфиналето на Купот.
Во првенството, тимот на Горбок беше елиминиран во полуфиналната серија и на крајот заврши на четвртото место.
Ова беше прв тренерски ангажман за ракометарот што со Вардар стана европски шампион во 2019 година.