Ракометарот кој остави трага со своите игри во Вардар, а беше дел од втората круна на „црвено-црните“, Сергеј Горбок објави и дефинитивен крај на својата играчка кариера така што од вчера е и официјално пензиониран.
Горбок дојде во Вардар во 2014 година од Рајн Некар. Сепак, во 2016 година ги напушти „црвено-црните“ и се пресели во Пик Сегед во сезоната кога вардарци станаа шампиони.
Меѓутоа, во 2018 година се врати и успеа да учествува во освојувањето на втората круна така што дојде до голем успех на залезот на својата кариера.
„Ја завршив мојата спортска кариера. Сакам да кажам едно големо благодарам за сите во ракометот и сите кои беа вклучени во мојот спортски живот. Тоа беше убав пат кој ми даде многу, но и многу ме научи. Исто така огромна благодарност до сите тренери, играчи, спонзори, сите вработени во клубот,навивачите и до моето семејство и пријателите“, напиша Сергеј Горбок на својот профил на Инстаграм.
Горбок својата кариера ја почна во Аркатрон Минск во, а играше и за ЗТР Запорожје, Целје, Рајн Некар, Чеховски медведи, потоа одново во Рајн Некар откаде што во 2014 година дојде во Вардар.
Tој има неполни 38 години. Во кариера играше за две репрезентации. Од 2001 до 2009 година ги бранеше боите на Белорусија, а потоа ја прифати понудата од Русија и од 2012 до 2020 година го носеше дресот на „зборнаја“.