Македонија со победа против Луксембург го отвори квалификацискиот циклус за Европското првенство 2024. Противникот беше под реномето на Македонија, но како почеток убав вовед во она што ги очекува македонските репрезентативци на патот до Германија 2024.
Ова е прв циклус без Кирил Лазаров на десната бековска позиција, а улогата селектор сега му овозможува тој да го избере неговиот наследник на таа позиција. Одговорноста е голема, големи се патиките кои треба да се наследат, а ако е да се суди по почетокот на квалификациите ќе ги облече 22 годишниот десен бек на РК Алкалоид, Мартин Серафимов кој заедно со Томислав Јагуриновски игра на таа позиција.
Сега одговорноста е поголема, но кога селекторот верува во вас, нема дополнителен притисок. Презадоволен сум, Кирил Лазаров си ја врши својата работа, тоа што се договоривме го обработивме и на крај резултатот кажува сè.
Турција е достоен противник, влегуваме со сета почит кон нив, но одиме таму да го дадеме најдоброто и се надевам на крај успешно ќе го продолжиме квалификацискиот циклус.
Натпреварот против Турција Македонија го игра во Ван, за четири дена. Тоа ќе биде првиот вистински испит за амбициите на македонските репрезентативци во овој квалификациски циклус.