Серафимов: За момент заличивме на репрезентација каква што треба да бидеме

Македонија беше поразена од Словенија со 31-21 во првиот дуел од главната рунда на Мундијалот во Египет.

Десниот бек Мартин Серафимов играше одлично во второто полувреме против Словенците, но вели дека во првиот дел заличивме на вистинска репрезентација.

„Првите дваесетина минути заличивме на репрезнтација, каква што треба да бидеме. Добро е што ние младите имавме поголема шанса и се надевам дека тоа ќе ни значи многу во иднина“, вели Серафимов.

Ни остануваат уште два меча против Русија и Белорусија, а првиот е веќе утре против „зборнаја“ од 15:30 часот.