Серафимова е херој на Штокерау – две фантастични партии на голот и два пати МВП!

Maкедонската репрезентативна голманка Матеја Серафимова пружа одлични партии на стартот на новата сезона во австрискиот шампионат.

Серафимова и нејзиниот клуб Штокерау имаат три победи на три натпревари од стартот, а на двата последни нашата голманка е МВП. Штокерау тргна со домашен триумф над Фуксе со 24-21, а во второто коло беше подобар на гости кај Тулин со 24-23.

Иако Штокерау губеше на полувремето со 15-10, во вториот дел предводен од Серафимова направи голем пресврт и освои нови бодови, а македонската голманка беше МВП на мечот.

Ист беше случајот и на последниот натпревар со Ацгерсдорф, кој Штокерау го доби со 28-27. На овој меч имаа домашните уште поголема негатива на полувреме, 20-14, но Серафимова прими само седум гола во вториот дел и беше најзаслужна за големиот пресврт.

Сега Штокерау заедно со Хипо и со Фелдирх е на врвот без загубен бод, а следен предизвик за Серафимова и нејзиниот тим ќе биде гостинскиот меч кај Корнебург.