Машката репрезентација на Македонија денеска ќе го има првиот собир пред бараж двомечот со Романија за пласман во вториот бараж за Мундијалот во Полска и Шведска.
Сепак селекцијата ќе се комплетира дури во вторник, со оглед на тоа што ракометарите се активни викендов и се игра секаде низ Европа.
Селекторот Кире Лазаров денеска има натпревар од францускиот шампионат против ПСЖ и нема да биде на собир. Од другите интернационалци, утре треба да се приклучат Филип Миркуловски, Жарко Пешевски и Томи Јагуриновски, додека во вторник Никола Митревски.
Играчите од домашниот шампионат вчера завршија со обврските и би требало да бидат сите на собирот и на првиот тренинг утре.
Првиот натпревар против Романија се игра в четврток во СЦ „Борис Трајковски“ од 19:00 часот, додека реваншот е во Букурешт на 19 март од 17:00 часот.