Селекторот Данило Брестовац поведе 20 ракометари за Словенија на последниот тест пред Европското првенство кое почнува на 9 јануари. Нашите репрезентативци го одржаа првиот тренинг пред утрешниот контролен натпревар против словенечката репрезентација.
Натпреварот почнува од 19 часот и на него ќе се види формата во која се наоѓаат репрезентативците така што може да се очекува добро издание. Словенија има нов селектор и сигурно ќе сака силен натпревар, а такво нешто и треба и на Македонија.
Покрај овој натпревар ќе биде одигран уште еден в недела против селекцијата на Црна Гора кога ќе биде добиен уште подобар поглед на формата со која располагаат играчите, па потоа ќе се знае и со колку и со кои играчи ќе се оди на Европското првенство.