СЕНЗАЦИЈА на стартот на СП: Шампионот загуби од Кореа, Словенија ја изненади Холандија

Светското првенство во Јапонија донесе неколку изненадувања уште во првата  рунда. Најголемото го приреди селекцијата на Јужна Кореа, која славеше над актуелниот светски и европски првак Франција со 27-29.

Корејките водеа со 18-22 во вториот дел, но Французинките се вратија во игра и израмнија. Наместо да го зададат последниот удар, тие направија неколку грешки во серија, а ривалот го казни тоа и си обезбеди победа. Еун Хе Риу со 12 гола беше најзаслужна за оваа голема победа на Кореа, додека кај Франција се истакна Заади со пет голови.

Изненадување приреди и селекцијата на Словенија, која ја елиминира Македонија во баражот за ова СП. Избраничките на Урош Брегар ја победија Холандија со 26-32, со најголеми заслуги на Тјаша Станко, која погоди 12 пати.

Домаќинот славеше над Јапонија, лесни победија остварија Црна Гора, Србија, Унгарија, Русија, Данска и Шведска. Германија помалку изненадувачки лесно мина против Бразил, а амбициозната Романија претрпе дебакл од Шпанија. Ниту Кристина Неагу не им беше доволна и се чини дека допинг скандалот во нивната држава оставил голема трага во играта.

Резултати, 1.коло:

ГЕРМАНИЈА – БРАЗИЛ 30-24
ЈАПОНИЈА – АРГЕНТИНА 24-20
ЦРНА ГОРА – СЕНЕГАЛ 29-25
СРБИЈА – АНГОЛА 32-25
ФРАНЦИЈА – ЈУЖНА КОРЕА 27-29
УНГАРИЈА – КАЗАХСТАН 39-15
ХОЛАНДИЈА – СЛОВЕНИЈА 26-32
РОМАНИЈА – ШПАНИЈА 16-31
РУСИЈА – КИНА 26-11
ДАНСКА – АВСТРАЛИЈА 37-12
НОРВЕШКА – КУБА 47-16
ШВЕДСКА – КОНГО 26-16