Репрезентацијата на Русија одигра фантастичен натпревар во второто коло од групата Ф и направи големо изненадување совладувајќи ја фаворизираната репрезентација на Норвешка со 23:22.
Почетокот на натпреварот беше доста израмнет, двете селекции неколкупати го менуваа водството но тоа беше само минимално на двете страни и вака се играше до 20. минута при резултат 8:8. Тогаш започна серијата на Русија за прво повисоко водство.
Санталов и Житников погодија за 10:8 за Русите, а до крајот на првото полувреме за сочуваа позитивата и водеа 14:12. Норвешка не дозволи противникот да се одлепи во завршните минути од првиот дел и имаше активен резултат пред продолжението.
Уште на почетокот на второто полувреме избраниците на Велимир Петковиќ стигнаа до највисоките четири гола позитива и најавија изненадување. Долго во второто полувреме Норвешка не успеваше да намали и постојано имаше два или три негатива, клучен фактор за тоа беше одличната и агресивна игра на Русија во одбрана.
Бјорнсен и Гулеруд погодија за минус еден дури во 53. минута, но Русите веднаш возвратија и повторно беа на три разлика. Косоротов промаши седмерец во 58. минута и овозможи Норвешка да израмни но во последниот свој напад Рајнкинд шутираше непрецизно за голем триумф на Русија.
Најефикасен во тимот на Русија беше Дмитри Житников со седум гола, а четири пати погоди Александар Котов. Во составот на Норвешка, Бартхолд беше најефикасен со шест гола, а Сагосен имаше четири погодоци од десет шута. Со овој триумф Русија веќе обезбеди пласман во главната фаза.
ЕП 2022, ГРУПА Ф – ТАБЕЛА