Селекцијата на Косово покажа дека ремито во првиот меч со Романија на домашен терен не било случајно и успеа да направи уште една сензација со триумфот на гостувањето во Букурешт со 25-30.
Романците отворија со предност од 4-1 и помислија веројатно дека лесно ќе успеат да слават на овој натпревар. Сепак Косово набрзина фати приклучок, а по 10-18 со серија од четири голови обезбеди плус два, 10-12, а до крајот на полувремето имаше плус четири, 12-16.
Во второто полувреме Косовците имаа во неколку наврати плус пет, и успешно одолеваа на сите напади на домашните да направат камбек. На три минути до крајот Романија намали на минус два, 25-27, но Григорас доби црвен картон и гостите немаа проблеми да го добијат мечот.
Најдобри стрелци кај победникот беа Дедај и Јупа со по седум гола, додека кај Романија се истакна Григорас со исто толку. По овој триумф, Косово сериозно се вмеша во борбата со Црна Гора и Романија за место на Европското првенство следната година.