СЕНЗАЦИЈА во Унгарија – Алборг го шокираше Веспрем!

Ракометарите на Алборг одиграа фантастичен натпревар на гостински терен кај Веспрем и направија огромно изненадување нанесувајќи му пораз на Веспрем со 30:32. Иако на Веспрем му недостасуваа неколку стандардни ракометари сепак овој резултат е изнендувачки.

После долг период унгарскиот тим е поразен во својата сала, Веспрем против денешниот противник имаше водство само на стартот од мечот со 1:0 и 2:1 а во одтанатиот дел од мечот постојано беше во негатива.

Алборг веќе во 10. минута имаше водство од 10:6, а во 15. беше седум разлика и највисоко водство на гостинската екипа во првиот дел. До полувремето домашниот тим успеа да ја намали негативата и по 30 минути игра беше 16:19.

И второто полувреме продолжи во ист ритам, Алборг постојано одржуваше предност од четири до пет гола, а Веспрем беше немоќен да ја надомести негативата и да направи пресврт. Во последните минути избраниците на Давид Дејвис намалија на минус еден, но гостите го имаа последниот напад во кој реазлизираа за голема победа.

Најефикасни во составот на Веспрем беа Борозан и Ненадиќ со по шест гола, а Нилсон постигна пет гола. Дејан Манасков не беше во составот, а исто така и Мануел Штрлек па Веспрем играше без класично лево крило на овој меч. Во екипата на Алборг прв стрелец беше Јул-Ласен со девет гола, а Мелгард погоди шест пати.