СЕНЗАЦИЈА ВО СРБИЈА: Инџија по пенал рулет го елиминираше шампионот (ВИДЕО)

Екипата на Железничар од Инџија направи првокласна сензација и историски успех со пласманот во финалето од најквалитетното натпреварување во Србија откако го елиминираше бранителот на титулата, односно првопласираната екипа од регуларниот дел од сезоната, Јагодина. Во екипата на Јагодина настапува повремената голманка на македонската сениорска репрезентација, Драгана Петковска.

По триумфот во првиот полуфинален натпревар од плеј-офот со четири гола разлика, 21:25, избраничките на Владо Шимичиќ на реванш средбата успеаја да дојдат до уште еден триумф бидејќи имаа подобра реализација од седмерци. По 60 минути игра, резултатот беше нерешен, 26:26 (15:11), а по пенал серијата 30:27 за Железничар.

Екипата од Инџија победата ја оствари благодарение на голманката Јована Васиљковиќ која фантастично бранеше на двата натпревари. Обезбедениот пласман во финалето е историски за тимот на Железничар.

Противник во финалето на екипата на Железничар ќе биде составот на Бекамент од Аранѓеловац, кој ги доби двата полуфинални дуели против Медицинар, со резултат 26:30 и 31:21.