Екипата на Железничар од Инџија ја одигра најдобрата сезона од своето постоење, успеа да го освои Куп трофејот и шампионската титула во Србија и ја прекина тригодишната доминација на Јагодина откако на двапати го совлада Бекамент во двата финални натпревари од плеј-оф фазата во српскиот шампионат.
Железничар двата натпревари ги доби со еден гол разлика, на првиот триумфираше со 24:23 (12:11), додека на реванш натпреварот, кој беше одигран во Аранѓеловац, ракометарките на Железничар дојдоа до победа од 24:25 (13:12), освојувајќи ја првата национална титула, односно вториот златен медал, по освојувањето на Куп трофејот.
Новиот шампион во Србија беше предводен од Дуња Табак со девет погодоци, додека во екипата на Бекамент се истакна Сара Гаровиќ со осум погодоци, но искусната ракометарка немаше голема поддршка од своите колешки.
Третото место им припадна на ракометарките на Јагодина кои во двата натпревари го совладаа Медицинар од Шабац. На првиот дуел за 3 место, Јагодина каде брани македонската репрезентативка Драгана Петковска, победи со десет гола разлика, 18:28 (9:15), додека на вториот дуел победата беше поубедлива, 43:31 (19:14).