Тимот на ЦСКА Москва се пласираше во финалето на плеј-офот од рускиот шампионат, откако направи сензација и го елиминираше актуелниот првак Чеховски Медведи.
ЦСКА Москва по триумфот на првиот меч против „мечките“ од Чехов со 29-27, славеше и на реваншот со 29-26.
Меѓу најзаслужните за вториот триумф е поранешниот член на Вардар и Чеховски Медведи, Данил Шишкарев со шест погодоци.
Во втората полуфиналната двојка, Пермски Медведи со победа и реми против Виктор Ставропол на Сергеј Горбок, обезбеди место во финалето.
Ова е првпат по 2001 година, Чеховски Медведи да не е шампион на Русија.