Ракометарите на Динамо Букурешт нема да го бранат Куп трофејот во оваа сезона, откако во четвртфиналето беа шокирани од Констанца со 34:32.
Избраниците на Чави Пасквал иако важеа за фаворити, сепак, целосно потфрлија во дуелот со моментално третопласираната екипа во романскиот шампионат.
За потсетување, двете екипи на 8 април имаа дуел во рамки од 24. коло од шампионатот на Романија, а тогаш победник беше тимот на Пасквал со 32:28.
Покрај Констанца, пласман меѓу најдобрите четири екипи обезбедија Баја Маре и Сучева, додека последниот патник на Ф4 турнирот од Купот на Романија ќе биде познат по четвртфиналниот дуел меѓу ЧСМ Букурешт и Турда.
Динамо Букурешт во последните три сезони го освојуваше Куп трофејот на Романија.