СЕНЗАЦИЈА во Букурешт – Динамо го сруши моќниот Веспрем!

Екипата на Динамо Букурешт направи големо изненадување и на домашен терен го совлада Веспрем во 6. коло од Лигата на шампионите со 31:29.

Натпреварот започна многу израмнето, се играше без поголемо водство ниту на едната ниту на другата страна дваесетина минути. Следуваше период во кој Динамо Букурешт имаше подобро издание. Јонеа и Дисингер погодија за 11:8 во 22. минута.

До крајот на првиот дел Динамо имаше и највисоки четири гола предност, но Маргуч и Благотиншек се погрижија за враќање на Веспрем и израмнување. Сепак на одмор домапниот тим замина со предност од 14:13.

Второто полувреме продолжи во ист ритам, Веспрем немаше начин како да се спротистави на домашниот тим и постојано беше во негатива. Кампос и Шебиб го вратија највисокото водство од првиот дел на Динамо од четири гола, во 45. минута беше 23:19.

Во финишот Милитару од тимот на Динамо заработи црвен картон после кој Веспрем започна да ја топи негативата. Штрлек двапати и Ненадиќ погодија за 27:27 во 55. минута. Во завршницата Јонеа постигна два гола после промашувањата на Ненадиќ за голем триумф на Динамо Букурешт.

Јонеа беше најефикасен во тимот на Динамо Букурешт со седум гола, а Кампос погоди шест погодоци. Во тимот на Веспрем, Петар Ненадиќ постигна девет гола и беше најефикасен на натпреварот.