Иако мали беа шансите, особено по поразот на гостински терен со четири гола разлика од Шамбери, тимот на Веспрем КФТ сезационално обезбеди место во групите од Лигата на Европа.
Веспрем славеше дома со 31-25, иако и на полувремето на реванш средбата губеше со гол разлика, 16-15.
Во раната фаза од вториот дел десетопланираниот тим од минатата сезона во Унгарија, успеа да стигне до плус пет, и до крајот успешно ја задржа предност за голема радост.
Веспрем КФТ ќе биде втор сигурен претставник на Унгарија во групите од ЛЕ, по Балатонфуреди, а за пласман се бори и Ференцварош.