Иако најави дека ќе ја заврши кариерата откако му истече договорот со полскиот тим Висла Плоцк, хрватскиот ветеран Ренато Сулиќ ќе продолжи да игра.
Тој потпиша договор на една година со неговиот матичен клуб Замет Ријека и ќе игра во хрватскиот шампионат следната сезона.
Некогашниот репрезентативец од златната хрватска генерација по настапите за Загреб, Целје, Веспрем и Висла Плоцк во Лигата на шампионите, следната сезона ќе игра само домашно првенство.
Замет во минатата сезона беше петти на табелата и не успеа да обезбеди место во плеј-офот покрај Загреб, Нексе, Дубрава, Пореч, Горица и Спачва, но во новата сезона сигурно ќе има зголемени амбиции.