Еурофарм Пелистер одигра нерешено 28:28 на гостувањето кај Кадетен и освои бод после голем камбек откако уште по 30 минути игра имаше негатива од пет гола.
Избраниците на Жељко Бабиќ не се предадоа и до последната секунда се бореа да избегнат пораз, а на крајот беа наградени со бод, со голот кој го постигна Јосип Периќ на истекот на времето.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер овој успех го прославија во соблекувалната а неизбежно беше и популарното селфи од соблекувалната.