Стратегот од Шведска кој се наоѓа на позицијата селектор на Словенија, Љубомир Врањеш е пред наоѓање и на нов клупски ангажман, а гласините кои се појавија велат дека тој би можел да се најде на клупата на тимот на Ним од Франција.
Врањеш во моментов е само селектор на Словенија, но во својата кариера има работено како тренер на клубови, а најголемите успеси ги имаше на клупата на Флензбург.
Засега станува збору за заинтересираност од Ним да го ангажира стратегот кој во својата тренерска кариера работеше и со клубовите Веспрем и Кристијанштад, а беше селектор и на Србија и на Унгарија.
Тимот на Ним во моментов е предводен од Франк Морис, кој е дел од клубот од 2015 година. Сепак, 5. место освоено лани е причина да се размислува за негова замена.