Селекторот на актуелниот европски шампион Шведска, Глен Солберг, од следната сезона ќе биде помошен тренер во екипата на Фјелхамер од Норвешка.
Станува збор за клуб, кој регуларниот дел од норвешкиот шампионат го заврши на 6. позиција, додека во четвртфиналето од плеј-оф фазата беше елиминиран од Елверум.
Тренер на Фјелхамер е селекторот на Соединетите Американски Држави и еден од легендите на Шведска, Роберт Хедин.
Солберг ја водеше селекцијата на Шведска до сребрен медал на СП 2021 и до златен на ЕП 2022, но стигна само до четвртото на домашното СП 2023 година.