Селекторот на Германија доби писмо со закани: Замини си самиот или ќе ти го уништиме имотот (ФОТО)

Репрезентацијата на Германија обезбеди пласман на Олимписките игри во Токио, но очигледно многу фанови не се задоволни од играта која што националниот тим ја прикажува, па поради тоа упатија писмо до селекторот на оваа земја, Исланѓанецот Алфред Гисласон.

Тренерот кој потекнува од Исланд, но во Германија работи уште од 1997 година. Тој мина во неколку клуба како тренер. Ги водеше на Хамелн (1997-99), потоа во Магдебург (1999-2006), Гумерзбах (2006-2008) и Кил (2008-2019).

Сепак, очигледно има незадоволни, па и самиот Гисласон се изненади кога го доби писмото и на својот профил на Инстаграм го објави истото.

„Добив убаво писмо во поштенското сандаче денеска. По вкупно 30 години поминати во Германија доживеав првпат некој да ми се закани во оваа голема земја“.

Инаку во писмото стојат закани дека ќе го уништат неговиот имот доколку самиот да не се откаже од позицијата селектор.

„Ние сме Германци и сакаме да имаме Германец за селектор на репрезентацијата. Играта која ја имаме при ваше водство ни оди на нерви. Доколку не се повлечете сами од функцијата, ние ќе ве посетиме на вашиот имот и ќе видите што стане со него. Чекаме“, стои во писмото упатено до селекторот на Германија.

На ова имаше реакција од многу клубови и спортски работници кои му дадоа поддршка на Гисласон исто како и Ракометната федерација на Германија.