Македонија го доживеа вториот пораз на Светското првенство во Египет, откако загуби од домаќинот со 38-19. И не само пораз, туку доживеваме и голем дебакал, во однос на играта, залагањето и неможноста да се спротиставиме на противникот. Уште во првото полувреме Египет не „стави во шише“ и имаше предност од 20-6.
Селекторото Данило Брестовац на прес конференцијата по мечот потврди дека тимот на е подготвен за вакви првенства.
“ Не сме доволно физички подготвени за едно ваквко првенство. Имавме мал период за подготовка, мислам дека играчите ќе биде подтовени менатално и физички за дуелот со Чиле. Веќе одигравме два натпревари против Чиле, мислам дека можеме да ги победиме и да се пласираме во следната фаза, изјави Брестовац.
Мартин Велковски смета дека можеме да триумфираме на следниот меч со Чиле и да играме во следната фаза.
„Им честитам на Египет одиграа одлично и мислам дека далеку ќе стигнат на овој шампионат. Што се однесува до нашата игра, лош натпревар навистина сме разочарани што не успеавме да ја претставивме Македонија во вистинско светло. Ни преостанува уште еден натпревар, против Чиле, мораме да победиме. Добро го познаваме противникот и се надевам дека ќе одиме во втората фаза“.