На натпреварот меѓу Монпелје и ППД Загреб во минатото коло во кое домашните славеа минимално со 24:23 гостите се жалат поради тоа што судиите од Црна Гора во 53. Минута не признале гол кој бил постигнат од Кларица.
Поради оваа ситуација свои коментари има директорот на тимот на Загреб, Шупуковиќ, кој вели дека е направена грешка која може да влијае на финалниот поредок и за пласманот во осминафиналето.
„Топката беше пола метар во голот, а што е најлошот еден од судиите беше на еден метар до голот во близина со гол линијата и тој дури и сугерираше дека топката е длабоко внатре. Морам да искажам жалење за сите нас поради фактот дека такви работи се случуваат на ова ниво. Не го сметаме тоа ни каков превид. Превид би бил доколку судиите свират пасивно, а не е пасивно или слично. Топката беше 40-50 сантиметри во голот, а на сето тоа мораше да биде и седмерец бидејќи одбраната беше во просторот. Ова е детаљ кој може да има директно влијание на пласманот во групта. Со овој бод би имале пет поени колку што има и Вардар“, вели директорот Ведран Шупуковиќ.
ППД Загреб е следниот ривал на Вардар во Лигата на шампионите, а натпреварот се игра утревечер од 20:45 часот. Утре е клучен натпревар и за двете екипи.