Од неговиот прв тренер Николај Жуг, па до Роберто Парондо, Сергеј Горбок вели дека од секој научил по нешто и дека најголема заслуга што денеска е тоа што е, ја има Жуг. Интересно е дека филозофијата по која се водел низ кариерата е „брзај се полека“.
„Од секој тренер во кариерата имам научено по нешто, но најмногу од мојот прв тренер Николај Жуг. Нему сум му и најблагодарен, немаше да останам во ракометот да не беше тој. Јас од 16 години секоја сезона ја завршувам кариерата, само што не ми дозволуваа (се смее). Од првиот пат кога бев на подготовки со репрезентација имавме страшно тешки тренинзи, ми се тресеа колена. Бев работник, можеби имав некој талент, но не верував во себе на тој начин на кој тие веруваа во мене. Потоа ми се наметна филозофијата „брзај се полека“. Знаете за професионалните спортисти кусо е времето во спортот и ти можеш да брзаш да стигнеш на врвот, но треба полека да ги правиш чекорите во тој правец. На почетокот не го сфатив тоа, но потоа кога пораснав таа мисла ми стана многу јасна.“
Целото интервју со Сергеј Горбок може да го прочитате во продолжение…