Голманот на Еурофарм Пелистер, Мартон Секељ брани во одлична форма и игра важна улога во последните победи на екипата во Лигата на Европа.
После победата против неговиот поранешен тим Татабања, Секељ ги сумираше впечатоците и ги истакна клучните сегменти од играта за победа на неговиот тим.
„После неделната реперезентативна пауза сите играчи се вратија во добро расположение и продолживме да работиме, секој ден трениравме многу силно да ги оствариме нашите цели и во Супер лигата и во Лигата на Европа. Огромно благодарам на нашите навивачи кои дојдоа да нè поддржат, и на Чкембари и на другите навивачи, беше фантастично. Секогаше е голем плус за нас да играме пред ваква публика. Играв три години во Татабања и сите во тимот се многу мотивирани да го покажат најдоброто. Добро го започнавме натпреварот од прва минута за разлика од претходнито домашен натпревар против Ним кога целосно се уништивме самите и немавме енергија за да се вратиме во продолжение. Игравме добра одбрана и постигнувавме лесни голови“, изјави Секељ за 24 Ракомет..
Голманот од Унгарија меѓу стативите на Еурофарм Пелистер го нагласи делот од тактиката кој имала големо влијание во триумфот.
„Секогаш има два начина на игра, доколку играте брзо можно е да правите лесни грешки. Направивме добра разлика и го контролиравме мечот. Можеби беше најдобро за нас што после секоја промашена топка на Татабања ние игравме бавно, имавме предност и времето поминуваше. Во одбрана тие беа изморени од нашите напади, немаа многу играчи за промени во одбраната и секако дека тоа беше дел од нашата тактика“.
Во однос на идните натпревари Секељ истакна:
„Секогаш сме фокусирани на следните натпревари, сега сме изедначени со Вардар бидејќи тие загубија бодови од нашиот втор тим. Нашиот град, нашите навивачи очекуваат да направиме нешто големо. Секако го освоивме Супер купот, но остануваме гладни за уште успеси. Ние сме во Лигата на Европа што е одлично и доколку поминеме понатаму ќе биде добро бидејќи групата е многу тешка. Секој може да победи секого, имаме шанси и само треба да се фокусираме, да работиме секој ден и да ја работиме нашата работа“, рече Секељ во изјавата за 24 Ракомет.
Ова беше втора победа по ред на Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа откако во минатото коло славеше на гостувањето против АЕК од Атина.