Европскиот првак Вардар како и неговата елитна конкуренција веќе ги стартуваа подготовките за новата сезона во Лигата на шампионите. Сезона која ќе биде различна по многу работи досега, не само поради новиот натпреварувачки систем, туку и поради фактот дека ќе се обиде да функционира во услови на пандемија од коронавирусот.
Но, колку и да сакаат ракометарите да веруваат дека ќе имаат шанса за мирна сезона, толку и целата ситуација им прави да бидат несигурни, а за тоа придонесува и фактот дека ЕХФ нема резервен план и стратегија зад потезите.
За 24ракомет.мк тоа го потврди и Германецот во вардаровите редови, Кристијан Дисингер.
„Не верувам дека ќе добие спортот шанса. Додека немаме вакцина која ќе функционира, сè ќе биде ново за нас, ништо нема да може да планираме. ЕХФ го направи планот и распоредот за новата сезона, но што ќе се случи ако некој тим се зарази од вирусот, ќе биде исфрлен од ЛШ или ќе ги игра подоцна натпреварите? Како ќе патуваме? На Македонците им е забрането да патуваат во Европската унија, истото важи и за Русите. Ќе има многу промени, ќе мора да се прават многу компромиси, ниту гледачи нема да има, најмалку до крајот на годинава… Нема план Б, само план А. Со ваквата ситуација само фубалот како спорт може да опстане на истото ниво како порано, поради ТВ правата. Во ракомет работите се поинакви и ако не се најде компромис, ракометот може да падне на полу-амaтерски спорт ако ни се случи уште еден пад како сезонава. Тешко е да се предвиди што ќе се случува, но во моментов ситуацијата не ветува. Не сум исплашен, но не се чувствувам комотно со фактот дека има само еден план, нема друг излез и нема стратегија зад потезите.“
Комплетното интервју со Дисингер може да го прочитате ТУКА.