Селекторот на Португалија, Пауло Переира го објави составот со кој ќе патува на Олимпијадата во Токио, а на него се најдоа 17 ракометари. Меѓу нив немаше место за Жилберто Дуарте (Монпелје), Андре Хозе (Брага) и Диoго Силва (Порто).
На дебитантскиот настап на Олимписките игри, Португалија во прелиминраната фаза ќе игра во група со репрезентациите на Шведска, Данска, Египет, Бахреин и Јапонија. Пред поаѓањето за Јапонија селекторот Переира го коментираше својот избор.
„На списокот се најдобрите ракометари во овој момент во Португалија. Веројатно се би било поинаку доколку игравме поблиску до Португалија и без ограничувања. Ќе покажеме мотивација и посветеност за да имаме одлично издание на првите Олимписки игри за нас. Го исполнивме подготвнителниот план од три недели и среќни сме што сите се подготвени за патувањето“, прокоментира Переира.
СОСТАВ НА ПОРТУГАЛИЈА ЗА ОИ
ГОЛМАНИ: УМБЕРТО ГОМЕШ (ПОВОА), ГУСТАВО КАПДЕВИЛ (БЕНФИКА)
ЛЕВО КРИЛО: ДИГО БРАНКИЊО (ПОРТО)
ЛЕВ БЕК: АЛЕКСАНДАР КАЛВАКАНТИ (НАНТ), АНДРЕ ГОМЕШ (МЕЛСУНГЕН), ФАБИО МАГАЛАЕШ (ПОРТО)
СРЕДЕН БЕК: МИГЕЛ МАРТИНС, РУИ СИЛВА (ПОРТО)
ДЕСЕН БЕК: ЖОАО ФЕРАЗ (АРАУ)
ДЕСНО КРИЛО: АНТОНИО АРЕИА (ПОРТО), ПЕДРО ПОРТЕЛА (ТРЕМБЛЕ)
ПИКЕР: АЛЕКСИС БОРГЕС (МОНПЕЛЈЕ), ДИАМАРО САЛИНА (ПОРТО), ЛУИС ФРАДЕ (БАРСЕЛОНА), ВИКТОР ИТУРАЗА (ПОРТО).
РЕЗЕРВИ: МАНУЕЛ ГАСПАР (СПОРТИНГ – ГОЛМАН) И ЛЕОНЕЛ ФЕРНАНДЕС (ПОРТО – ЛЕВО КРИЛО).