Ракометарите на Скопје забележаа седум победи на седум меча во Првата лига и станаа единствен тим што оди во плеј-оф без ниту еден загубен бод.
Избраниците на Андријана Будимир лесно ја решија и последната задача против штипски Текстилец и славеа убедливо со 39-11.
По 2-2 во 4. минута, Скопје направи серија од друи 14 голови по ред за 16-2, а штипјани во 20. минута го постигнаа третиот погодок. На полувреме беше 21-6.
Прашањето во вториот дел беше со колку голови разлика ќе заврши натпреварот во Неготино, а на крајот Скопје стигна до плус 28.
Најдобри стрелци кај победникот беа Благој Димчевски со девет и Андреј Пешевски со шест погодоци, додека кај Текстилец, Мики Митрев даде пет гола.