Седум минути станаа вечност, ги оставија вардарци без важни бодови (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар – Пик Сегед (Лига на шампиони)

Вардар одигра убав натпревар против составот на Пик Сегед во Лигата на шампионите, но на домашен терен остана без бодови откако загуби со 26:28 иако во поголемиот дел од средбата беше во водство. Во финишот од средбата вардарци тешко доаѓаа до шут и до реализација што беше и пресудно бодовите да заминат за Унгарија. Ракометарите на Пик Сегед беа потрпеливи и знаеја како во финишот да го свртат дуелот во своја полза и да се изборат за бодовите на оваа пресметка. Како изгледаше овој натпревар може да се погледне и низ фотографиите од нашиот фоторепортер.