Eвропската ракометна федерација објави дека седум држави останаа во трката по следните големи натпреварувања.
За ЕП во 2026 и 2028 година во машка и женска конкуренција од претходно беа најавени кандидатури на Хрватска, Белгија, Естонија, заеднички на Франција и Швајцарија, како и на Белорусија, Литванија и Полска, сепак од тоа нема ништо.
Само седум држави останаа во траката, а ЕХФ ќе ги додели организациите на Конгресот што ќе се одржи во ноември. Претходно овие кандидатури треба само да добијат формална потврда од Извршниот Комитет на ЕХФ во јуни.
Скандинавското трио Данска, Шведска и Норвешка е во трка по сите четири настани и станува јасно дека ќе ја добијат организацијата на ЕП 2028 кај дамите како единствен кандидат, додека логично е Русија да биде домаќин на ЕП 2026. Кај мажите, фаворити за домаќинство на ЕП 2028 година се Шпанија и Португалија, додека за две години порано, битката ќе биде меѓу Швајцарија и скандинавското трио.
Можете поконретно да ги разгледате кандидатурите на сите држави, датумите кога ќе се играат првенствата, како и градовите домаќини, со само еден клик подолу.
КАНДИДАТУРИ ЗА ЕП 2026 И ЕП 2028
МАЖИ
ЕП 2026 (15 јануари – 1 февруари)
Данска/Шведска/Норвешка
Швајцарија
ЕП 2028 (13 – 30 јануари)
Данска/Шведска/Норвешка
Швајцарија
Шпанија/Португалија
ЖЕНИ
ЕП 2026 (3 – 20 декември)
Норвешка/Данска/Шведска
Русија
ЕП 2028 (30 ноември – 17 декември)
Норвешка/Данска/Шведска