Седум гола на Чупиќ недоволни, Елверум извлече бод среде Загреб!

Ракометарите на Загреб на свој терен одиграа нерешено против Елверум, 27:27, во рамките од 3. коло од Групата А во Лигата на шампионите. Пред овој натпревар, Загреб имаше неславен рекорд од 17 порази во низа во Лигата на шампионите. Во претходната сезона, хрватскиот претставник во елитното натпреварување забележа 14 порази, додека во оваа сезона стартуваше со два во првите две кола.

Денес, избраниците на Ивица Обрван беа блиску до победата, но во последните минути не беа доволно сконцентрирани и му овозможија на својот противник да биде во игра дури и за победа.

Во првиот дел, Загреб одигра квалитетно, со многу добра игра и цврста одбрана. Веќе по десет минути игра, хрватскиот шампион имаше солидно водство од 8:3, успеваше да го одржува и зголемува до крајот на првата половина од првото полувреме.

Загреб водеше и со 10:4 и 11:5, сепак ракометарите на Елверум не се предаваа и за неколку минути веднаш намалија дел од водството на домаќинот. На пауза, Загреб замина со предност од три гола разлика, 14:11.

Елверум во второто полувреме израмни на 20:20 и најави интересна завршница. Во следниот период екипата на Загреб немаше многу сила да ја врати својата предност од првото полувреме. Главно се играше гол за гол и нијанси одлучуваа кој ќе има предност од само еден разлика.

Норвешкиот шампион во неколку моменти беше во предност, имаше водство од 22:21 и 26:25. Во последните минути и двете екипи имаа шанса да освојат три бода, но нерешениот резултат од 27:27 беше најреален исход од неизвесната средба во Загреб.

Поранешниот ракометар на Вардар, Иван Чупиќ беше најефикасен со седум гола во редовите на Загреб. Неговите погодоци не беа доволни за освојување на првата победа во новата сезона.